мај 5, 2026

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница.

– Вчера, во 22.42 часот во СВР Куманово од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено затруено четиригодишно дете од Куманово, соопшти СВР Куманово.
Детето е примено вчера на педијатрија, по извршениот преглед од страна на дежурниот лекар, стабилизирано е и однесено е на клиника во Скопје. Во моментот е во стабилна состојба. Детето е затруено со консумирање на непозната течност, најверојатно детергент. По извршената детоксикација на Клиниката ќе биде пуштено дома, изјави директорот на Општата болница во Куманово, Сашо Стошевски, објави 4NEWS.mk

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK