мај 5, 2026

Голем пожар во Јажинце – патот кон граничниот премин затворен

Директорот Мухамед Али и командантот на Бригадата од лице место ги координираат активностите за спречување на понатамошното ширење на пожарот кој избувна во Јажинце.

Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот.

На пат кон интервенција се и авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.

Патот кон граничниот премин Јажинце (со Косово) е затворен до понатамошно известување.

Граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа и да ги ослободат патиштата за возилата на службите за итна интервенција.
——————-

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK