мај 5, 2026

Втора жртва од големата сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патот Ресен – Битола на еден километар после Макази во правец кон Битола. Се работи за момче на возраст од 20 години од Охрид.

Од СВР Битола за битолскиот медиум „Апла.мк“ потврдуваат дека има две жртви.

 

Според нив прво починал 52-годишен битолчанец кој живеел во Германија, додека пак во битолската болница поради тежината на повредите починало и момчето од другата кола родено во 2005 година. Според првичните сознанија, еден од автомобилите целосно изгорел.

„На 18.08.2025 во 13,09 часот случена е сообраќајна незгода на патот АЗ Битола- Ресен кај м.в.Слечиште, помеѓу патничко возило „мерцедес“ со странски ознаки управувано од 52 годишен битолчанец со место на живеење во Германија, кој починал на лице место. Другото возило е опел со охридски ознаки во кое биле две лица на 20 годишна возраст од Охрид. Едно од двете лица родено 2005 година починало во Клиничка Болница Битола“, соопшти Сања Стаматова за „Апла“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK