мај 5, 2026

Ситуацијата во центарот на Скопје е алармантна: Дали Владата може да помогне?

Состојбата во централното градско подрачје на Скопје последниве денови се оценува како алармантна. Натрупан отпад, недоволно одржување на јавните површини и забавени инфраструктурни активности предизвикуваат реакции кај граѓаните, но и дилеми околу тоа кој треба да преземе одговорност.

Министерот Александар Николовски во гостување за Канал 5 изјави дека Владата нема директна надлежност да интервенира во комуналните проблеми на Град Скопје, сè додека градоначалничката Данела Арсовска е на функција.

„Градоначалничката Данела не сака да соработува, а Владата не е одговорна за тоа. Додека трае нејзиниот мандат, тие надлежности се исклучиво во рацете на градската власт,” истакна Николовски.

Според законската рамка, за комуналните дејности и одржувањето на јавната чистота директно е надлежна локалната самоуправа, односно Град Скопје и Општина Центар. Сепак, во ситуации кога е загрозено јавното здравје или безбедноста на граѓаните, Владата има механизми да интервенира преку инспекциски служби, Центарот за управување со кризи или Дирекцијата за заштита и спасување.

Експертите предупредуваат дека координацијата меѓу локалните и централните институции е клучна, бидејќи Владата не може еднострано да ги преземе локалните надлежности без формална правна основа или официјално барање за помош.

Останува прашањето – дали ќе се најде заедничко решение за надминување на проблемите што го загрозуваат животниот стандард и сликата за главниот град?!!
Видео ТУКА

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK