мај 4, 2026

Во регистарот на медиуми за изборно рекламирање на локалните избори 2025, освен телевизии, радиостаници и печатени медиуми, се најдоа и 245 интернет портали. Меѓу нив, како што покажа проверката на „Скопје1“, најмалку десетина портали воопшто не функционираат или никогаш не биле регистрирани како домени. За овие избори, „Скопје1“ дознава дека имало и случај каде една фирма регистрирала дури 12 портали преку кои сакала да рекламира избори, а најголем дел – непостоечки.

Од порталите „Мкд.мкд“, „Канал12.мк“, „Југоисток.мк“, „Инфовест.мк“, „Регион.мк“, „Мкзабава.мк“, „Сигмак.мк“, „Екобалнс.мк“, „Цуцкат.далее.мк“, „Онтаргет.мк“, „Нопресс.мк“, „Телетексти.мк“ — сите со „.мк“ домеин — се добива само порака „Сајтот не е достапен“. Националниот регистар потврдува дека тие домени не се ниту закупени, иако сопствениците ги пријавиле во Државната изборна комисија.

Покрај нив, има и новорегистрирани портали во последните месеци, како „Инфотренд.мк“ (декември 2024), „Гвгливе.мк“ (јануари 2025), „Мојотштип.мк“ (февруари 2025), „Нова12“ (мај 2025), „Фактидитор.мк“ (мај 2025), кој и денес е недостапен, како и „Алопресс.мк“ (јуни 2025).

Најинтересен пример е „Таргети.мк“ – пријавен во ДИК до крајниот рок на 12 август, но домеин закупен еден ден подоцна, на 13 август. И денес, наместо вести, страницата покажува само порака „Maintenance mode is on“. Исто така, „Информаторплус.мк“, иако е регистриран во февруари, сега дава порака „Account suspended“.

Меѓу пријавените за рекламирање е и порталот „Грамофони.ком“, на српски јазик, кој е специјализиран за музика, грамофони и плочи, и дури има дел со продажба на нови уреди.
Јавува: Скопје1

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK