мај 4, 2026

Овогодишниот победник на Формула 4 ЦЕЗ Академијата, 17-годишниот Стефан Тренески, дебитира во Формула 4 на трката која се одржа во Словачка на познатата патека „Словакиаринг“ како дел од Ф4 првенството за 2025 година во тимот на Јаник моторспорт.

„Беше тежок натпревар, конкуренцијата е силна. Се работи за врвни возачи со неколкугодишно искуство во овие натпревари, но тоа за мене не претставуваше препрека, туку напротив предизвик да се впуштам во борба за највисока позиција од самиот старт на натпреварот. Во една ситуација бев истуркан надвор од патеката од страна на еден натпреварувач, па затоа завршив на 13. позиција. Секако од овој мој прв Формула 4 натпревар продолжувам понатаму со многу повеќе знаење за болидот, начинот на кој се управува, начинот на комуникација со моите инженери од Јаник моторспорт. На следниот натпревар на Брно , во Република Чешка одиме многу поподготвени“, изјави Стефан Тренески.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK