мај 4, 2026

На 6 септември во Кочани ќе се одржи првото издание на хуманитарната трка „Голак Треил” – спортски настан што ќе ги обедини љубителите на планинско трчање и брзо одење низ прекрасните предели на планината Голак. Маршрутата е внимателно избрана и вклучува совладување на делови со поголема надморска височина, нудејќи единствено доживување кое спојува спорт, рекреација и близина со природата.

Оваа година трката се одржува во чест на Иле Гоцевски – возач на Брзата помош од Кочани, кој трагично го загуби животот, оставајќи зад себе пример за несебичност, човечност и професионализам. Во негова чест, патеката ќе биде долга 11 километри – бројка што симболично го претставува бројот на неговите итни возења до Скопје во мисија за спас на човечки животи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK