мај 4, 2026

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон ја одби и втората понуда од Њукасл за норвешкиот напаѓач Јорген Странд Ларсен, кој постигна два гола во вчерашната победа над Вест Хем во Лига купот.

Њукасл овој пат понуди 55 милиони фунти, откако претходно беше одбиена и понуда од 50 милиони фунти.

Управата на Вулверхемптон не сака да се откаже од 25-годишниот репрезентативец на Норвешка, пред сè поради краткото време за наоѓање замена, бидејќи шреодниот рок завршува за четири дена.

Странд Ларсен беше купен од Селта минатото лето за 23 милиони фунти и постигна 14 гола во Премиер лигата минатата сезона.

Share

The post Вулверхемптон одби уште една понуда од Њукасл за Ларсен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK