мај 4, 2026

Возач на комбе вчера во Битола прегазил 69-годишна жена од градот, која е сериозно повредена, соопшти МВР.

„На 26.08.2025 во 11:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Рајко Жинзифов“ во Битола, товарно возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(44) од Велес удрило во пешакот Ј.Д.(69) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Д., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола“, пишува во полицискиот билтен.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK