мај 4, 2026

Фудбалерите на Гримзби ја остварија една од најголемите, ако не и најголемата победа во својата историја. Синоќа во втората рунда од Лига купот го елиминираа Манчестер јунајтед.

Членот на Лига 2 (четврти ранг на англискиот фудбал), го елиминира великанот не само на англискиот туку и на светскиот фудбал по 13 серии пенали.

По 90 минути беше 2:2, откако Јунајтед во последните 15 минути ја надомести негативата од два гола.

Потоа следеше изведување на пенали, каде што Матеус Куња го промаши пеналот за победа на „црвените ѓаволи“,во петтата серија, а потоа во 13-та серија, Брајан Ембумо стана трагичар, ја погоди гредата, а Гримзби оствари шокантна победа.

На теренот на „Бландел Парк“ во градот Клиторпс настана хаос, огромен број локални навивачи влегоа на теренот и заедно со играчите го прославија овој историски успех.

Гримзби Таун е клуб кој се натпреваруваше во Лига 2 и Лига 3 во последните години.

Последен пат во Првата лига овој клуб играл пред 77 години.

Што се однесува до Јунајтед, тој тоне сè подлабоко и подлабоко.

Share

The post (Видео) Навивачите на Гримзби лудо ја прославија победата над Манчестер јунајтед appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK