мај 3, 2026

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓеорѓиевски, информираше преку Фејсбук дека остварил средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, на која биле разменети искуства и визии за идната соработка помеѓу двата града.

„Средбата помина во пријателска атмосфера, при што добив драгоцени совети и поддршка од градоначалникот Јанковиќ, со јасна определба Љубљана да биде град-партнер и вистински пример за развојот и модернизацијата на Скопје,“ истакна Ѓеорѓиевски.

На состанокот, посебен акцент бил ставен на најголемите предизвици со кои се соочува Скопје – јавниот превоз и чистотата. Јанковиќ дал ветување дека експертски тимови од Љубљана ќе бидат континуирана поддршка за Скопје не само во овие области, туку и во секоја сфера во која ќе биде побарана помош.

Дополнително, бил договорен интензивен развој на соработката и зајакнување на капацитетите на Град Скопје во креирање, планирање и спроведување европски проекти.

„Верувам дека преку ова партнерство ќе изградиме поефикасен и поевропски Скопје, достоен за своите граѓани,“ нагласи Ѓеорѓиевски, кој воедно упати и покана до градоначалникот Јанковиќ за официјална посета на Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK