мај 3, 2026

До сега се официјално номинирани седум кандидати за градоначалник на Скопје – шестмина од политички партии и еден независен кандидат.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја номинира актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Опозицискиот СДСМ ја предложи потпретседателката на партијата, Каја Шукова, поранешна министерка за животна средина и просторно планирање. Левица настапува со пратеникот Амар Мециновиќ, додека коалицијата Вреди ја номинира Башким Бакиу, директор на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопје.

Опозицискиот Европски фронт ќе настапи со Скендер Реџепи Зејд, пратеник и лидер на партијата Народното движење. Граѓанската платформа „Независни заедно“ номинира професорот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ, обединувајќи три локални иницијативи – „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.

Независен кандидат поддржан од партијата ТМРО е професорот по дизајн Александар Рашковиќ од Европскиот универзитет.

Сите кандидати официјално ги потврдија своите кандидатури и се подготвуваат за претстојната изборна кампања.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK