мај 3, 2026

Полицијата уапси двајца мажи од Прилеп и Кавадарци откако при контрола на возило кај Валандово кај едниот бил пронајден кокаин од околу 100 грама. СВР Струмица поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“, а судот во Гевгелија им одреди мерка притвор од по 30 дена.

– СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против А.К.(27) од Кавадарци, со престој во Прилеп и против С.Р.(30) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот закон.

На 02.09.2025 на крстосница Валандово-село Чалакли, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово извршиле претрес на патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки и на лицата кои го управувал С.Р., а сопатник бил А.К., при што кај А.К. била пронајдена бела грутчеста материја.

Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, каде во службен разговор А.К. признал дека белата грутчеста материја пронајдена кај него е кокаин со тежина од околу 100 грама.

Во врска со настанот, во текот на вчерашниот ден биле извршени претреси и на неколку локации на подрачјето на Прилеп, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.

А.К. и С.Р. биле изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определил мерка притвор во траење од по 30 дена, информира МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK