мај 3, 2026

Лионел Меси се збогуваше со аргентинската публика во националниот дрес со триумф.

Еден од најдобрите играчи на сите времиња го одигра својот последен натпревар пред домашна публика за „Гаучосите“ и се потруди да остави впечаток.

На „Монументал“ во Буенос Аирес, Аргентина рутински ја победи Венецуела со 3:0, а малиот волшебник постигна два гола.

Меси покажа и емотивна нота, бидејќи се расплака за време на пеењето на аргентинската химна.

Бразил, исто така, победи против Чиле со 3:0.

Првиот гол го постигна младиот напаѓач на Челзи, Естевао во првото полувреме, а Пакета и Бруно Гимареш постигнаа голови во вториот дел.

Аргентина и Бразил веќе обезбедија пласман на Светското првенство.

Foto/ EPA/ADAN GONZALEZ

Share

The post (Видео) Емотивниот Меси во голем стил се збогува со аргентинската публика appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK