мај 3, 2026

‎Почестен сум и горд што денеска бев дел од свеченоста по повод јубилејот 90 години од основањето на Хидробиолошкиот Завод.



‎Овој голем јубилеј не е само бројка, овој јубилеј е сведоштво за едно патување низ времето, исполнето со истражувања, откритија, научни трудови и пожртвувана работа на генерации научници, кои својата љубов кон природата ја преточиле во знаење и дела.

‎Хидробиолошкиот Завод е темел на научното проучување на Охридското Езеро, нашето непроценливо богатство. Од своето основање до денес, тој ја носи мисијата да ја чува неговата уникатна флора и фауна, да ја објаснува неговата тајна долговечност и да создава мост помеѓу науката и општеството.

‎Во мое лично име и во името на Општина Охрид уште еднаш упатувам искрени честитки за овој голем јубилеј, со надеж дека ќе продолжиме и во иднина да соработуваме, да се поддржуваме и да ги менаџираме сите предизвици на новото време.

‎Верувам дека Хидробиолошкиот завод ќе продолжи да расте и да се развива и дека во иднина ќе прославува уште многу значајни годишнини и јубилеи.






Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK