мај 3, 2026

Со реки посетители и фантастична атмосфера, вчера официјално започна првиот AERO Street Food Festival во парк „Авионче“ – Аеродром. Од првиот момент се почувствува енергијата на скопската публика која со голем интерес дојде да ужива во богатата понуда на улична гастрономија, свежи вкусови и урбана забава.

Фестивалот уште првиот ден се претвори во главна атракција во градот – со десетици штандови на познати брендови за храна, уникатни специјалитети и разновидна музичка програма што ја одржа публиката до после полноќ.

Организаторите изразија задоволство од огромниот интерес и поддршката од граѓаните и најавија уште многу изненадувања во наредните фестивалски денови.

AERO Street Food Festival ќе трае до 8 септември, нудејќи четири дена полни со вкусна храна, музика, натпревари и незаборавна дружба, настанот се реализира со поддршка на Oпштина Аеродром, а влезот за сите посетители е бесплатен.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK