Службата за односи со јавност на Владата денеска инфоормира дека утре премиерот Христијан Мицкоски ќе пушти во употреба уште еден дел од автопатот Кичево-Охрид кој се гради десетина години.
– Ве известуваме дека утре 07.09.2025 година (недела ) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање вo употреба на дел од автопат Кичево – Охрид, објави владината служба.
Нема други детали освен тоа дека настанот ќе се одвива кај клучката кај охридскит аеодром.
Претходн во јули по владина пресметка беа пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун.
Покрај тоа, премиерот и владини претставници уште неклку пати направија увид на градежните активности.
Следете не, не има насекаде
