мај 2, 2026

Најмалку пет до десет лица, меѓу кои пожарникари и цивили, се повредени во големиот пожар што од синоќа сè уште беснее во фабриката „Макпрогрес” во Виница. Повредените, од Виница, Кочани и Струмица, се пренесуваат во болницата во Кочани, каде што лекарите вршат првична тријажа и укажуваат медицинска помош.

Во текот на ноќта, додека пожарникарите се бореле со огнената стихија, се случила вистинска драма. Еден од нив за влакно избегнал трагедија – заштитниот шлем му го спасил животот откако врз него паднала огромна количина врела материја, најверојатно стопен шеќерен сируп („шербет”) од погоните на фабриката.

Пожарот во погоните на „Винчини“ сè уште е активен, а екипите на терен и утринава продолжуваат со надчовечки напори за негово целосно гаснење.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK