септември 21, 2024

Италијанскиот стручњак на клупата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека Португалецот Кристијано Роналдо донел вистинска одлука кога се преселил во Ел Наср.

Реал Мадрид е во Саудиска Арабија каде во недела ќе го одигра финалето на шпанскиот Суперкуп против Барселона.

Поранешниот фудбалер на „кралскиот клуб“ Кристијано Роналдо го посети тренингот на Реал Мадрид во Ријад.

Роналдо пред Мундијалот во Катар се раздели со Манчестер Јунајтед, а по Мундијалот потпиша договор со Ел Наср.

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти изјави дека Португалецот донел вистинска одлука.

„Го видов Кристијано Роналдо многу мотивиран и среќен, мислам дека донесе правилна одлука со преселбата во Ел Наср“, изјави тренерот на Реал Мадрид.

Кристијано Роналдо играше за Реал Мадрид од 2009 до 2018 година и за тоа време четири пати ја освои Лигата на шампионите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK