септември 20, 2024

На 7 февруари, американскиот претседател Џо Бајден ќе го одржи обраќањето за состојбата на нацијата, традиционалниот политички говор на претседателот пред Конгресот.

Во согласност со традицијата, претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти, во петок го покани на Бајден да им се обрати на парламентарците.

– ,,Бајден со нетрпение очекува да разговара со републиканците и демократите за тоа како да работиме заедно за да продолжиме да градиме економија која е во интерес за сите, зајакнување на нашата конкурентност во светот, одржување на безбедноста на американскиот народ и обединување на земјата” – објави Белата куќа.

За првпат откако е избран, претседателот ќе се обрати на поделениот Конгрес.

Републиканците освоија ,,тенко” мнозинство во Претставничкиот дом по среднорочните избори, а демократите ја задржаа контролата врз Сенатот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK