јули 3, 2024

Јутјуберот Стефан Лазаров беше во куќата на Тале Витанов во Велес од кого побара одговори кои и ги должеше на јавноста уште кога се жалеше во емисијата „Срце на дланка“ и бараше помош за неговите деца.

Лазаров го праша со кое право бара пари во емисија со измама?

На ова, Тале му одговара: Каде јас сум барал пари во „Срце на дланка“?

Лазаров: Зошто ги користиш децата за тоа?

Витанов: Јас имам во најавата Срце на дланка дека барам пари? Не знам за такво нешто!

Нешто подоцна во емисијата Тале со спротивна изјава: Јас ли сум виновен што емисијата е задоцнета? Јас ли сум виновен што седнав на телевизија да побарам помош?

По ова, Лазаров му извади оглас на кој Тале бара жена за да му ги чува децата и го праша:

Дали семејство што нема леб да јаде пишува оглас во кој бара жена да ги чува децата?

Ова е еден месец пред да го напушти домот вашата жена, според вашиот муабет.

Тале: Јас барам жена за 7.000 денари.

Лазаров: Ама вие во приказната велите дека живеете со 8.000 денари, од кои жена ти ги зема половина. Сега велиш 7.000 денари за жена давате.

Дали вашиот татко е заглавен со извршител поради твоите коцкарски долгови, праша Лазаров, на што Витанов му одговори:

Зошто би бил поради мене? Какви се тие мои коцкарски долгови? Мислиш дека сум јас страсен коцкар? Мислиш дека сум секој ден во кладилница? Дека никогаш не сум работел?, се правда Тале.

Лазаров: Не го мислам јас тоа, тоа ми го пишуваат твои познаници.

Витанов: мило ми е, но тоа е сето минато.

Во однос на големата сума пари што ја добил на игри на среќа, Лазаров го праша што направил со 20.000 евра? Рекол дека со тие пари ја средил куќата, а куќата е „хаос“, без тоалет.

Лазаров исто така го праша дали купил моторче за 1500-2000 евра, а потоа го продал за 500 евра заради коцкарски долгови?

На тоа Тале му одговори: Во животот секој греши.

Целиот разговор погледнете го тука.

https://youtu.be/7FuPlNjVjIE Видео

The post На телевизија вели живеам со 8,000 денари, а бара жена да му ги чува децата за 7000 денари месечно- Од парите што ги добил на коцка си купил мотор марка Априлија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK