јули 3, 2024

Општина Струга изработи проект за изградба на прифатилиште за бездомни кучиња. Градоначалникот сега бара помош од Владата да помогне во реализацијата , преку заеднички средства или од ИПА фондовите.

Мерко вели општините немаат капацитет сами да се справат со проблемот со бездомните животни. Потребни се итни измени во законот, грижата да ја преземе Агенцијата за храна и ветеринарство, а општините финансиски да партиципираат.

Ние веќе поднесовме барање за измена на законот за заштита на животните, со тоа што апелираме до централната власт оваа обврска се решава само институционално преку институции на централната власт односно АХВ“ , вели градоначалникот Рамис Мерко.

Истовремено градоначалникот апелира до организациите за заштита на животните посериозно да се позанимаваат со оваа проблематика, не само да се грижат за кучињата, туку и да иницираат заштита на луѓето, следење на луѓето кои ги растоваруват кучињата во нашиот град и нивно пријавување до надлежните институции.

-„На пошироката струшка јавност добро и е познато ова прашање и сите сме свесни колку каснувања предизвикале овие кучиња, колку страв сеат, особено кога станува збор за деца, жени и постари лица или други беспомошни лица. Наш приоритет секогаш ќе остане безбедноста и здравјето на нашите граѓани, но и заштитата и зачувувањето на животните“, рече Мерко.

Општина Струга во буџетот за 2023 година издвои 10 000 евра за стерилизација кастрација и обележување на бездомните кучиња. За оваа намена во тек е тендер за избор на фирма.

ohridnet

The post Струга изработи проект за изградба на прифатилиште за бездомните кучиња appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK