јули 3, 2024

Вчерашната провокација на терористичката организација ПКК во Стокхолм е обид да се саботира процесот на членство на Шведска во НАТО, истакна шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Во својата писмена изјава за шведскиот канал ТВ4, Кристерсон ја осуди провокацијата насочена против Туркије и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Таквата лажна егзекуција на демократски избран лидер на една земја е многу сериозна ситуација во Шведска, каде што беа убиени двајца шведски истакнати политичари.

Поддржувачите на тероризмот на ПКК/ЈПГ вчера (четврток) се собраа пред Градското собрание во главниот град Стокхолм и обесија кукла со ликот на турскиот претседател Ердоган на столб пред зградата, а потоа и споделија видеоснимка на социјалните мрежи.

Дефинирајќи ја провокацијата како неодговорна и како саботажа на процесот на Шведска за членство во НАТО, тој посочи дека ова е опасна ситуација за безбедноста на Шведска.

Во Шведска во 1986 година беше убиен поранешниот премиер Олоф Палме, додека во 2003 година министерката за надворешни работи, Ана Линд.

Финска и Шведска официјално поднесоа барање за членство во НАТО минатиот мај, напуштајќи го повеќедецениското воено неврзување, одлука поттикната од руската војна против Украина.

Туркије, како важна членка на НАТО, изрази приговори, обвинувајќи ги двете нордиски земји дека толерираат, па дури и поддржуваат терористички организации.

Во јуни, Туркије, Шведска и Финска потпишаа Меморандум на Самитот на НАТО за решавање на легитимните безбедносни грижи на Анкара, отворајќи го патот за членство на Шведска и Финска во НАТО.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која од САД, ЕУ и Туркије е ставена на листата на терористички организации, одговорна е за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

TRT Balkan Macedonia / агенции

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK