мај 1, 2026

Пакрос, младо куче на возраст од две и пол години, досега има освоено 13 награди на натпревари во земјата и регионот. Негови сопственици се Зоран Најдовски од Скопје и Мирослав Трајковски од Гевгелија.

„Многу сум горд на победата, се натпреварувавме во силна конкуренција. Се работи за младо куче кое допрва ќе се истакнува. Не случајно постои изреката: ‘Сон на секое куче е да биде германски овчар’“, изјави Најдовски, кој не го криеше задоволството што неговиот миленик пленеше со својата убавина и привлече посебно внимание кај публиката.

На годинешната изложба учествуваа 174 расни кучиња од 15 земји, меѓу кои Македонија, Србија, Бугарија, Полска, Шведска, Словачка, Украина, Италија и Велика Британија. Натпреварот се одвиваше во неколку круга – прво избор за најубаво куче во секоја раса, потоа избор на најдобрите по групи, класи и возрасни категории, за на крај да се прогласи најубавото куче меѓу најдобрите. На сите победници им беа доделени медали и пехари.

The post Германски овчар прогласен за најубаво расно куче на Меѓународната изложба во Куманово appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK