Жестока дебата меѓу Љупчо Златев и Зоран Витанов за Лајонес. Витанов тврди дека „облаците биле подарок“, а пандемијата е „главниот виновник“ за пропаѓањето на облаците.
Во текот на вчерашниот ден, на „неутрален“ терен се сретнаа главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев и човекот којшто е прва асоцијација за Лајонес, Зоран Витанов.
Дебатата траеше речиси два и пол часа, соговорниците честопати се надвикуваа, а ситуацијата едвај не ескалираше. Од целата дебата, посебен впечаток остави тврдењето на Витанов дека Лајонес и целата пирамидална шема никого не измамила. Всушност, како што вели Витанов, никој не „купил“ облаци, туку ги добил гратис како ПОДАРОК.
Не 400 евра месечно. Луѓе добиваа 400 евра дневно. Зошто досега никој не го објавил? А тоа видео е цели 45 минути претходно каде објаснувам што треба да се направи за тоа. Ама македонскиот синдром е ништо да не работам, а да станам милионер. А притоа од неработење да стане милионер, рече Витанов.
The post Витанов до изгорените во пирамидата: Вие не купивте облаци, ги добивте гратис! appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
