мај 1, 2026

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело изнуда, како и загрозување на сигурноста.

„Кривичните дела ги извршил спрема градоначалникот на Неготино. На 2 септември, од анонимен фејсбук профил му пишал на градоначалникот и со сериозни директни закани кон него и неговото семејство се обидел да го присили да му исплати 3.000 евра.

Во периодот од 4 до 18 септември, во неколку наврати осомничениот испраќал пораки со смртни закани на градоначалникот и на официјалната електронска пошта на општината, со што кај оштетениот и неговото семејство предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Бидејќи постојат законските основи – опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, извести ОЈО.

The post Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино за 3000 евра, па му пишувал смртни закани. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK