Дојде крајот на возење тротинети со слушалки во уши или поминување на пешачки со телефон на уво. Законот е објавен во Службен весник и од 26-ти септември ќе почнат да се применуваат построги одредби за учесниците во сообраќај кои со внимание посветено на електронските уреди наместо на возење ќе бидат казнувани. Преминување пешачки со употреба на мобилен ќе се казнува со 40 евра, а за возачите на тротинети, трактори, мотори кои и возат и користат електронски уреди казната е 50 евра.
Сејф сити“ е легализиран и веќе се користи пробно и за анализи, а со помош на него се откриваат фрапантни бројки на сообраќајни прекршоци. Иако го има во измените на законот за безбедност за сообраќајот, камерите од „Безбеден град“ ќе се користат за казни од Нова година. Но затоа од 26-ти септември веќе ќе важи измената за пешаци кои нема да смеат да преминуваат улици со мобилен телефон на уво и разговарајќи бидејќи законот вели казната е 40 евра за тој прекршок.
„Пешакот е должен кога се движи по коловоз под услови утврдени со овој закон или кога преминува преку коловозот и велосипедската патека или велосипедската лента, да се движи и преминува внимателно, без притоа да користи електронски уреди, како што се слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет, паметен часовник или друг вид на електронски уред, со кои би му се намалило вниманието додека го преминува коловозот и велосипедската патека или велосипедската лента“, стои во член 116-а од Закон за безбедност во сообраќај.
Казна ќе има и за оние што возат тротинет, но и за трактористи и за велосипедисти доколку користат мобилни уреди или имаат слушалки во уши за време на возење. Казната за тоа е 50 евра.
The post Дојде крајот на возење тротинети со слушалки во уши или поминување на пешачки со телефон на уво appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
