„Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што го мислам и сум нашол совршен начин тоа да го запишам со склопување на мислите на хартија“ – Слаткар за првпат јавно раскажа како кај него се создала говорната маана и како тој проблем успеал да го сврти во сопствена корист.
Марко Маринковиќ Слаткар гостуваше во
поткастот на нашиот најпознат јутјубер, Стефан Лазаров, каде зборуваше отворено на повеќе теми, меѓу кои и проблемот поврзан со пелтечењето и проблемот со говорот што ги имал уште како мал.
Слаткар нагласува дека неговата формула за 20-годишниот успех на македонската музичка сцена е тоа што бил опседнат со тоа што го работи, но и тоа што музиката и римите му биле единствен начин да се справи со
сопствените лични проблеми.
„Јас сум имал личен проблем и проблем со самиот говор. Мене единствено бегство ми било тоа пенкало и тоа склопување на мислите на хартија да звучат фино, затоа што јас не сум можел
да ги изустам.
Мене самото пишување ми е како одбранбен механизам за да можам јас да го кажам тоа што го мислам, а тоа да не е кажано со, модерно речено, багување.
Едноствено уште како дете сум стравувал
дека нема да можам да го кажам тоа што го мислам и сум нашол совршен начин тоа да го запишам и да го направам тоа интересно ставајќи му рима” – вели Слаткар
Тој нагласува дека имал многу незгодни ситуации заради својата говорна маана и дека тоа му било голем проблем, особено во периодот кога бил дете и бил незрел.
Прашан за тоа како со таква говорна
маана успева да изгради успешна музичка кариера, Слаткар вели:
„По дефиниција мојот проблем е губење на ритамот на говорот.
Не знам како да ви кажам, но мене овој музички ритам ми значи живот. Не ми значи ниту популарност, ниту нешто друго, туку ми значи живот.
Јас го имам изгубено ритамот на говор и за мене овој ритам е спас. Јас морам да творам за да зборам” – вели тој.
Слаткар јавно сподели и за тоа како неговата говорна маана не е вродена, туку се развила кога бил многу мал.
Како што рече, имал операција на крајници, на 2 или 3 години и во тоа време децата лежеле сами во болница, па така и тој морал да престојува сам таму.
Притоа, нагласи дека филозофијата на тогашниот систем била да се создаваат цврсти деца, но кај него тоа придонело да се развие траен проблем.
Веќе кога ме извадиле од болница, јас сум почнал да д’ткам” – вели Слаткар.
The post Слаткар открива како добил говорна маана после операција.. appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
