април 30, 2026

Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции.

Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани. Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална европска полиција.
Новата униформа во себе ќе содржи елементи како виндјакна, теренска јакна, теренски панталони летни и зимски, кошули со кратки и долги ракави, капи, маички, чевли со потенок и подебел ѓон и високи зимски и летни тактички чизми, велат од МВР.

 

Тендерот е објавен на електронскиот систем за јавни набавки .

 

Услов за учество е компанијата во последните 5 години да има извршено минимум 1 испорака на стоки од ист или сличен вид како предметот на набавката, со обезбедена потврда за извршена испорака и да има на располагање технички капацитет за конфекционирање на стоките кои се предмет на набавка и минимум технички персонал од 50 лица за производство на стоките и минимум 2 лица за контрола на квалитет во производство за дел 1 од набавката, а за дел 2 од набавката да има на располагање технички капацитет за конфекционирање на стоките кои се предмет на набавка и минимум технички персонал од 100 лица за производство на стоките и минимум 2 лица за контрола на квалитет во производство.

 

ДЕТАЛИ ЗА ТЕНДЕРОТ ОВДЕ

 

The post МВР објави тендер за нови униформи, повик за сите заинтересирани компании да се пријават appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK