април 30, 2026

Кривичниот суд донесе пресуда со која ја осуди онкологот Мери Пешевска на условна казна затвор од две години. Казната нема да се изврши доколку Пешевска во наредните пет години не стори ново кривично дело. Таа претходно призна вина за делото несовесно лекување пациенти, објави 4NEWS.mk

Оваа одлука доаѓа како дел од пошироката истрага за случајот „Онкологија“, каде што Пешевска беше обвинета заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и уште двајца онколози. Тие се товареа за несовесно лекување на пациенти, односно дека небрежно постапувале при давањето на терапија.

The post Условна казна за Мери Пешевска, која призна вина во случајот „Онкологија“ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK