Алтернативна мерка – условна осуда со парична казна од 1.000 евра, која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од една година не стори ново кривично дело, му беше изречена на пензионер од Неготино, обвинет за делото полово вознемирување.
Пресудата ја објави Основниот суд Неготино на својата официјална страница, а станува збор за случај кога пензионерот во два наврати полово вознемирувал продавачка, додека ги извршувала своите работни задачи во маркет во градот.
Како што е наведено во судското образложение, тој во декември минатата година го извршил првото полово вознемирување врз жената додека била на работа, а пак во март годинава, повторно се дрзнал и превзел физичко дејствие со кое го повредил достоинството на продавачката, предизвикувајќи кај неа чувство на непријатност и понижување.
Со изречената условна осуда, судот сметал дека ќе биле постигнати целите на казнувањето, и дека ќе се влијаело врз обвинетиот во иднина да не стори такво или слично кривично дело.
-Согласно член 114 став 2 од Законот за кривичната постапка, оштетената
жена од пензионерот за остварување на имотно-правното побарување се упатува на
граѓанска парница, наведено е во објавената пресуда.
Viki.mk
The post Пензионер од Неготино кој полово вознемирувал продавачка, доби условна парична казна appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
