април 30, 2026

Секој трет угостителски објект и трговец на мало не издава фискални сметки. Управата за јавни приходи од јануари до август извршила над 3.700 контроли. Кај над 1,000 субјекти констатирала неправилности.

Сега УЈП ги повикува да го платат данокот и да го пријават скриениот промет – во спротивно ќе се соочат со сериозни санкции. Даночните експерти коментираат – бројките не се добри, секое изигрурвање на законот го оштетува буџетот. Мерки против сивата економија мора да има.

– Ова се лоши резултати кои покажуваат дека голем број субјекти избегнуваат да платат давачки. Не издавањето фискална не значи само не плаќање 18 или 10%, туку и не регистрирање на платата, која е приход. Тој приход се одданочува со данок на добивка, така што со самото неиздавање државата има 50% помалку приходи во буџетот од сумата која не е наплатена преку овие системи. Треба системски да се решава проблемот, како што е во западните земји, изјави Павле Гацов, даночен експерт.

The post Секој трет угостител не издава фискални сметки – УЈП ги повика да го платат данокот appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK