април 29, 2026

Пејачката Селена Гомез се омажи за својот свршеник Бени Бланко минатиот викенд на раскошна церемонија во приватен имот во Санта Барбара, Калифорнија.

На церемонијата присуствуваа неколку познати личности, вклучувајќи ги популарните Тејлор Свифт и Парис Хилтон, но еден детаљ особено остави силен впечаток и одредена загриженост кај обожавателите и семејството на пејачката.

Селена одлучи нејзината мајка Менди Тифи да не ја води до олтарот, но наместо тоа, таа чест ја имаше нејзиниот дедо Дејвид Корнет, а некои медиуми и нивните извори велат дека оваа одлука длабоко ја повредила нејзината мајка.

Извор близок до семејството Гомез изјави дека Менди и нејзиниот сопруг Брајан се скршени од одлуката на Селена, а изворот тврди и дека пејачката ја донела оваа одлука за време на фазата на планирање на свадбата.

Од друга страна, мајката на пејачката не даде никакви индикации дека е тажна поради оваа одлука, напротив – се огласи на социјалните мрежи.

„Беше сон што стана реалност и исклучително емотивно да го гледам татко ми како ја води до олтарот“, напиша мајката на Селена, која им честиташе на младенците со зборовите: „Вечерта не можеше да биде поубава и посовршена! Апсолутно магична! Ја испраќам целата моја љубов до мојата прекрасна ќерка Селена и најдобриот зет Бени.“

Мајката на Селена ги ограничи коментарите на објавите, но некои обожаватели се прашуваа зошто нејзиниот татко, Рикардо Џоел Гомез, не ја водел до олтарот.

Селена и Бени се познаваат со години, а својата врска ја објавија во 2023 година. Една година подоцна, во 2024 се свршија, а сега ја официјализираа својата љубов на најубавиот начин – со свадба.

фото: принтскрин

Share

The post (Фото) Неочекуван „удар“: свадбениот потег на Селена Гомез за кој не престана да се зборува appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK