април 29, 2026

На 29.09.2025 во 15:18 часот на ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Т.(42) од Прилеп.

При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека управувал товарно возило „фолксваген” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километар на час на место каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 50 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK