април 29, 2026

Премиерот Христијан Мицкоски на настанот Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) рече дека во 2024 се родиле само околу 16 илјади новороденчиња, додека нивниот број во 1950 во Македонија бил околу 50.000.

– Значи за пет години рецесија од 5.000 бебиња. Тоа значи дека за пет години кога ќе одат во прво одделение, ќе имаме 150 училници празни, 250 до 300 наставници ќе останат без работа или ќе треба да ги плаќаме да не работат

Владтаа е свесна – потребни се поголеми плати и нови работни места, веќе воведовме шест бесплатни ин-витро постапки а има и бесплатни учебници за учениците Се градат градинки и се спроведуваат социјални мерки за мајките и семејствата.

Да ја сакаме татковината, значи да имаме повеќе деца, да бидеме родители и да веруваме во иднината на земјата.Формирањето на семејство е најпатриотски чин. Ако сакаме развиена држава, семејството е одговорот за овој предизвик, рече Мицкоски на седницата во Владата.

Тој додаде дека во моментов постојат проценки дека во земјата нема повеќе од 1,5 милиони жители како присутно население.

– За 20-25 години ќе бидеме држава под еден милион жители и секој вработен ќе има по еден пензионер, а тоа ќе значи колапс на пензискиот и здравствен фонд, истакна премиерот.

Вицепремиерот Александар Николоски додаде дека како демографско олеснување ќе се стимулира изградбата на куќи по поприфатливи услови и дека се работи активно со општините за намалување на надоместокот за комуналии

Активно ќе се стимулираат и локалните инфраструктурни проекти во помалите средини за луѓето да останат таму да живеат и да се намали емиграцијата во големите урбани места за живеење.

The post Мицкоски: За 25 години Македонија ќе има под еден милион жители appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK