Кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца, Љупчо Паункоски, денес го одбележа својот 41-ви роденден во кругот на најблиските. Во семејна и топла атмосфера, Паункоски ја искористи приликата да сподели една искрена и симболична роденденска желба – Дебрца да стане убава, сложна и обединета општина, каде секое дете ќе расте среќно, безгрижно и со можности за подобра иднина.
„Семејството е темелот на сè, а мојата најголема желба е сите жители на Дебрца да живеат како едно големо семејство – во заедништво, мир и благосостојба. Верувам дека заедно можеме да создадеме општина со која сите ќе се гордееме“, изјави Паункоски.
Неговиот роденден, кој оваа година го одбележа во пресрет на локалните избори, е уште една потврда на неговата посветеност кон граѓаните и визијата за иднината на Дебрца.
The post Паункоски: Мојата роденденска желба е Дебрца да стане убава и сложна општина каде децата ќе растат среќно и безгрижно” appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
