април 29, 2026

Македонскиот актер, писател и шоумен Игор Џамбазов уште еднаш ја потсети јавноста дека спомените и љубовта кон неговите родители никогаш не исчезнуваат.

Денес се навршуваат 28 години од смртта на неговата мајка, легендарната актерка Анче Џамбазова, чија оставнина и улоги засекогаш останаа дел од македонската театарска и телевизиска сцена.

Анче Џамбазова беше една од најистакнатите актерки на своето време – со талент, харизма и исклучителна посветеност остави трајна трага во македонската културна историја.

По тој повод, Џамбазов на своите социјални мрежи сподели стара црно-бела фотографија, придружена со кратка, но длабоко емотивна порака:
„28 години без тебе, мајчичке…“

The post 28 години без тебе, мајчичке – Игор Џамбазов со трогателна порака за својата најголема загуба. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK