април 29, 2026

Обраќање на Ногачески преку видео порака:

Драги сограѓани, почитувани пријатели,

Во изминатите осум години, со вашата доверба, ја имав честа и одговорноста два мандати да бидам градоначалник на нашата општина Дебрца – првиот како партиски кандидат, а вториот како независен.

Денес, со гордост можеме да кажеме дека зад нас стојат многу реализирани проекти – дела кои го подобрија животот во нашата општина и го трасираа патот за нејзиниот развој.

И во најтешките времиња – за време на пандемијата, во услови на економска криза, кога средствата беа ограничени и многу проекти беа стопирани – ние не застанавме. Продолживме да создаваме дела.

Во оваа изборна кампања нема да зборуваме за другите. Ќе зборуваме за она што го направивме ние. Ќе зборуваме со дела – затоа што делата најдобро зборуваат за нас.

Драги мои сограѓани,
Ние не ве повикуваме да гласате за мене.

Ве повикуваме да гласате за делата – за она што го гледате со свои очи.
Затоа што зад нас стојат многу проекти.

Ние ќе ви понудиме само едно: дела.
Не празни ветувања, туку конкретни резултати.

Дела кои ги реализиравме.
Дела кои се реализираат сега.
И нови дела кои ќе следат во годините што доаѓаат.

Дела за Дебрца!
Заедно продолжуваме! Видеото може да го погледнете ТУКА

The post „Ногачески: Јас имам да понудам само дела – минати, сегашни и идни!” appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK