април 29, 2026

Сасуоло како гостин славеше над Верона. Натпреварот од шестото коло на Серија А беше решен со голот во 71-та минута.

Андреа Пинамонти погоди откако пенал му одбрани голманот Монтипо. Напаѓачот на Сасуоло налета на одбиената топка и ја смести во голот.

Со овој дуел го започна шестото коло од елитното ниво на италијанскиот фудбал, а ова е втор триумф на Сасуоло по ред по поразот од Интер, додека Верона, која не знае за победа, остана на три бода.

Во следното коло, закажано за 18 октомври, Сасуоло ќе гостува во Лече, додека Верона ќе гостува во Пиза истиот ден.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Сасуоло победи на „Бентегоди“ во Верона appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK