септември 19, 2024

Полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар вчера на улицата „Решад Џафери” го лишиле од слобода А.С.(46) од Скопје, кој се сомничи дека во неговиот угостителски објект на Бит-пазар со нож му нанел повреди на неговиот син В.С.(22).

Како што информираат од МВР, повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” за укажување помош.

Полициски службеници извршиле увид и ножот бил пронајден и одземен, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, Одделението за семејно насилство – Единица за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.

The post Татко со нож му нанел повреди на синот во угостителски објект на Бит-пазар appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK