септември 20, 2024

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс ги сподели своите очекувања од финалето на шпанскиот Суперкуп против Реал Мадрид.

– Мислам дека овој натпревар ќе биде многу поразличен од полуфиналето. Познавајќи го Реал Мадрид, мора да бидеме подготвени за фактот дека нема да тргнат во офанзива рано. Ќе треба да бидеме упорни. Фокусирани сме на финалето. Би било одлично да го победиме Реал Мадрид, но мора да размислуваме за себе. Имаше големи промени во клубот – нов тренер, нови играчи… Сакаме да го земеме трофејот за да стекнеме искуство и потоа да продолжиме да победуваме. Суперкупот може да биде уште еден поттик за понатамошни победи, Барселона го заслужува тоа, го цитира „Марка“ Бускетс.

Шпанскиот Суперкуп се игра во Саудиска Арабија. Финалето помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра вече род 20 часот. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK