септември 20, 2024

Катарецот Насер Ал-Атијах по петтипат во кариерата победи на најпрестижниот рели натпревар,  релито Дакар. Тој триумфираше на 45. издание на трката што денеска заврши во Саудиска Арабија. За 52-годишниот возач на Тојота ова е втор последователен успех на маратонското рели, бидејќи на него триумфираше и пред 12 месеци.

Покрај двете победи на Блискиот Исток, Ал-Атијах имаше и три победи на Дакар кога релито се одржа во Јужна Америка. Тој триумфираше во 2011 година во Аргентина и Чиле, во 2015 година во Аргентина, Чиле и Боливија и во 2019 година во Перу.

Катарецот релативно лесно стигна до својот петти успех на Дакар, бидејќи пред крајот на првата недела направи предност од повеќе од еден час пред своите ривали. Втор заврши деветкратиот рели шампион Себастиен Леб, додека третото место му припадна на Бразилецот Лукас Мораеш.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK