септември 20, 2024

Откако доживеа нервен слом во ресторан во Лос Анџелес, Бритни Спирс објави бизарно видео кое поттикна уште повеќе гласини за нејзината психичка состојба, пренесуваат американските медиуми.

Бритни на својот Инстаграм објави видео на кое позира и танцува на песната „Ај тач мајселф“, покажувајќи среден прст и други чудни гестови. Коменатрите на овој пост пејачката ги забранила.

Не е јасно дали ова е нејзиниот одговор на приказните кои започнале по испадот во ресторанот, но сведоците тврдат дека пејачката збеснала и се нафрлила на вработените во ресторанот откако луѓето почнале да ја фотографираат.

Да потсетиме, Бритни дошла на вечера со сопругот Сем Асгари, кој видно вознемирен го напуштил ресторанот. Асгари објави стори на Инстаграм во кое ги отфрли тврдењата на медиумите, пишувајќи: „Не верувајте се што читате на интернет“.

The post (Видео) Бритни објави видео и покажа среден прст по испадот во ресторанот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK