Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо Луис Назарио де Лима ја запроси 14 години помладата девојка, моделот Селина Локс, за време на одмор на Карибите.
Девојката на поранешниот играч на Реал Мадрид на својот Instagram профил сподели фотографии од одморот на кои позира веднаш до Роналдо, а на прстот се гледа вереничкиот прстен. Под фотографијата 32-годишната манекенка напиша: „Да, се согласувам. Те сакам, засекогаш“.
Интересно е што една од првите што му честиташе на среќната двојка беше поранешната сопруга на Роналдо, Милене Домингес која напиша: „Среќна сум за тебе. Господ секогаш да те благослови и чува. Да живее љубовта“.
За фудбалерот ова ќе биде трет официјален брак, а Милене му беше прва сопруга. Тие беа во брак четири години, а се разведоа во 2003 година.
Во февруари 2005 година, тој наводно се оженил со моделот Даниела Цикарели. Меѓутоа, подоцна се покажа дека тие официјално не станале маж и жена бидејќи ниту еден од нив не го финализирал разводот од претходните партнери.
По Даниела, Назарио беше во брак со Марија Беатрис Антони од 2008 до 2012 година и заедно имаат две ќерки. Фудбалерот е во врска со сегашната партнерка седум години.
Следете не, не има насекаде