Првата жртва на авионската несреќа во Непал е идентификувана како руската блогерка за патувања Елена Бандуро (33).
Само неколку моменти пред страшната несреќа, Елена објави селфи од авионот на смртта со порака „Оди во Непал“.
Уште тројца Руси кои беа идентификувани како Викторија Алтунина, Јуриј Лугин и Виктор Лагин загинаа во авионската несреќа.
Да потсетиме, во падот на патнички авион со 72 лица во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат за исчезнати, соопштија официјални лица, завршувајќи ја денешната потрага по исчезнатите.
Авионот АТР72 на авиокомпанијата Јети ерлајнс се урна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара.
Запалените остатоци од авионот се наоѓаат во длабока провалија каде паднал авионот при слетувањето на новоотворениот меѓународен аеродром во градот Похара. Аеродромот Похара беше отворен на 1 јануари.
Десетина спасувачи и други луѓе се собраа во близина на бездната, додека спасувачите ги бараа остатоците од авионот.
Засега не е познато што ја предизвикало несреќата. Еден очевидец рекол дека видел како авионот ненадејно се врти во воздухот и на крајот паѓа во бездната со предниот дел напред.Некои од пронајдените тела, изгорени до непрепознатливост, биле пренесени во болниците каде се собрале роднините.
Следете не, не има насекаде