ноември 13, 2025

На 19-ти октомври, граѓаните со едно гласање, ќе и дадат нов правец на историјата. Ова, во интервју за ТВ Шења, го изјави кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, и уште еднаш направи паралела помеѓу денот на гласањето со 13-ти август.

„Затоа реков, 19-ти октомври е ‘вториот 13-ти август’. Како што денес сите прашуваат ‘каде беше на 13-ти август’, ќе прашуваат ‘каде беше на 19-ти октомври’, изјави Османи.

Според Османи, токму сега е создаден моментот кога историјата се наоѓа на крстопат и кога со одлука, мора да се наруши комфорот и удобноста.

„Јас влегов во оваа битка како ‘работник’, чувар на курсот и на жртвата на луѓето, на нивната пот и крв”, рече Османи.

Тој вели дека нема никаква лична амбиција за кариера во Чаир, бидејќи во својата политичко дејствување ги има достигнато сите можни домашни и меѓународни позиции.

„Јас не сум како мојот противкандидат, кој по 12 години како градоначалник, во кои ја уништи општината и се пресели во Бутел, сега повторно се враќа да бара доверба”, рече Османи.

Според него, Изет Меџити веќе еднаш ја има предадено сопствената организација, сопствениот лидер, активистите што работеле за него, и повторно бара шанса.

„Затоа, сакам да им се обратам на гледачите: Излезете и гласајте! Особено во Чаир. На нас ни падна товарот да го исчистиме овој „лабораториум” што сака да инсталира концепти спротивни на нашите вредности”, потенцираше Османи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK