Младите одбојкарки на Газели Волеј го кренаа пехарот за најдобра младинска екипа во Македонија откако во финалето го совладаа Фит Фан Волеј со 3-1.
Оваа генерација на Газели Волеј го продолжува континуитетот на успеси, по освоените пионерско и кадетско првенство во изминатите две години, денеска триумфираа и во младинскиот шампионат.
Газелите до титулата дојдоа само со еден загубен сет и тоа во финалниот дуел.
Во тој меч Фит Фан Волеј поведе со 1-0, но потоа следуваше пресврт, трите наредни сета им припаднаа на Газели Волеј за триумф од 3-1 и нов трофеј во витрините.
The post Газели Волеј се младински шампионки на Македонија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
