ноември 13, 2025

Џенифер Лопез неодамна се појави во „Шоуто на Хауард Стерн“ за да го промовира мјузиклот „Бакнежот на жената-пајак“. Покрај нејзината деловна кариера, познатата поп-пејачка одговараше и на прашања за нејзиниот личен живот.

На прашањето на водителот Стерн – „Дали мислите дека бевте навистина сакани?“, Џенифер одговори по кратка пауза: „Не“.

„Тие не беа способни да ме сакаат… Тие го немаа тоа во себе. Ми дадоа што имаа. Ми дадоа сè, секој пат – сите прстени, сè што некогаш можев да посакам. Куќи, прстени, брак и сè тоа, но дел од проблемот беше што во тоа време не се сакав себеси“, призна таа.

Лопез беше мажена и разведена четири пати, но се чини дека нејзиниот последен развод – од Бен Афлек – ја погоди вистински. Со поранешниот сопруг Марк Антонио, таа ги има 17-годишните близнаци Макс и Ема.

„Кога се разведов последен пат, тоа беше најдоброто нешто што ми се случи, бидејќи навистина ме натера да свртам нов лист. Мислам, имав фитнес тренер, имав брачен терапевт, имав индивидуален терапевт, имав тренер за зависности. Имав сè. Си мислев: Ќе го решам ова, дури и ако ме убие“, рече Лопез.

Таа вели дека сега има поголема самодоверба и научила да ги разбира луѓето околу неа.

„Сега можам да седам тука со многу поголема самодоверба… Се чувствувам навистина удобно и добро што сум своја…“

Share

The post Џенифер Лопез за своите поранешни партнери: „Тие не беа способни да ме сакаат“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK