септември 19, 2024

Актерскиот пар Бурак Озџивит и Фахрије Евџен важат за еден од најубавите турски парови кои македонската јавност ги запозна како Неџла од серијата Кога лизјата паѓаат и Бали бег од серијата Сулејман Величевствениот.

Неодамна шармантниот заводник Бурак ги воодушеви своите обожаватели со фотографија од семејна идила и им ги честиташе празниците.
– На сите им посакуваме здрава и среќна нова година, напиша тој во описот на фотографијата на која позира со сопругата Фахрије која наскоро треба да го роди второто дете.

Тие го добија својот син Каран во 2019 година. Сепак, она што многумина го знаат е дека парот помина низ многу тешки времиња.
Уште на самиот почеток, кога се дозна за нивната романса, дежурните критичари им предвидуваа брз крај.

Бремена го напуштила семејниот дом, им се заканувале со киднaпирaњe на синот

Познатиот актер и актерката се во брак од 2017 година, но најголемите проблеми започнаа во 2020 година кога починал таткото на Бурак, по што популарниот Бали-бег паднал во депресија.
Се шпекулираше дека Фахрије во еден момент наводно го напуштила семејниот дом.
Според турските медиуми, тие поминале низ многу тежок период бидејќи Фахрије и Каран биле болни од корона вирусот и цело време биле дома, а за тоа време актерката наводно постојано се расправала со сопругот.

Во еден период се зборуваше дека дошло до таква расправија дека Фахрије го кренала гласот на свекрвата, а Бурак и се спротивставил и застанал на страната на мајка си. Се шпекулираше дека по тој инцидент Фахрије ја напуштила вилата.
За многу кратко време парот се огласи на социјалните мрежи каде споделија заедничка фотографија и ги демантираа сите тврдења.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK