април 26, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп го изненади присутните на самитот на АСЕАН во Малезија кога се придружи на традиционалниот танц за добредојде што му го приредија домаќините во Куала Лумпур, пренесуваат локалните медиуми.

Според „Манго њуз“, Трамп беше пречекан од малезискиот премиер Анвар Ибрахим, а по краток разговор — одлучи да ја остави политиката настрана и да се фати во танц со локалните жители. Насмеан и опуштен, американскиот лидер предизвика аплауз и ентузијазам меѓу присутните.



Посетата на Трамп во Малезија е дел од неговата азиска турнеја, а утрово во Куала Лумпур тој присуствуваше на потпишувањето на мировниот договор меѓу Тајланд и Камбоџа, кој помогна да се постигне во јули, кога лично интервенираше за да го запре петдневниот граничен конфликт.

Според „Ројтерс“ и „Би-Би-Си“, двете земји денес потпишаа и нови трговски договори со САД, при што Трамп порача дека „бизнисот треба да се користи за одржување на мирот“.

Share

The post (Видео) Политиката на пауза, време е за танц: Трамп се забавуваше со локалците во Малезија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK